Жител на Калифорнија го освои петтиот по големина џекпот во историјата од 1,220 милијарди долари. Добитниот тикет со шест добитни броеви е продаден во округот Шаста, Калифорнија, во продавницата Circle K, пренесува ABC News.
Добитните броеви извлечени синоќа беа 3, 7, 37, 49, 55 и златната мега топка број 6, а според американската ТВ мрежа, шансите за освојување на џекпотот се проценуваат на 1 спрема 302.575.350.
Лотаријата Mega Millions се игра во 45 држави, плус Вашингтон, D.C. и Американските Девствени Острови, а цените на билетите се два долари.