Жирито ќе одлучува за „Златен лав“ во Венеција: Кои филмови ги освоија критичарите?

Двократниот Оскаровец Александар Пејн го предводи жирито на 82. Венециски филмски фестивал, кое денес ќе ја донесе одлуката за престижниот „Златен лав“.

Натпреварувачкото жири, составено од холивудски ѕвезди, режисери и актерски имиња од целиот свет, го сочинуваат бразилската актерка Фернанда Торес, иранскиот режисер Мохамед Расулоф, францускиот автор Стефан Бризе, италијанската режисерка Маура Делперо, романскиот добитник на Златна палма Кристијан Мунџиу и кинеската актерка Жао Тао.

Годинешната Мостра донесе комбинација од холивудски хитови, азиски мајстори и европски автори, сите во обид да остават впечаток на почетокот на сезоната за награди.

Според резултатите на Tomatometer, филмот „Џеј Кели“ на Ноа Баумбах моментално има 84%, а критичарите го оценуваат како дело со „поетизам што може да се цени во многу поединечни сцени“ и потенцијална номинација за Оскар за Џорџ Клуни.

Филмот „Франкенштајн“ на Гилермо дел Торо е исто така високо оценет, со критики за „стил, емоционална длабочина и одличната изведба на Џејкоб Елорди“.

Најголем впечаток кај критичарите остави „Нема друг избор“ на Парк Чан-вук, кој е наречен „маестрално филмско дело“ и „најдобриот филм во натпреварот досега“.

Сите резултати и оценки од Tomatometer за филмовите прикажани на фестивалот можете да ги погледнете на официјалната табела на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција 2025.

Извор: Независен

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни