По панел дискусијата на 23 декември во Кинотека на РСМ, во 19 часот следува проекција на документарниот филм „ЗЕМЈА ЗА НАС“ , во режија на Карла Црнчевиќ.
Во срцето на островот Брач група жени живее во необична заедница. Не веруваат во приватен имот ни во хиерархија, со заедницата управуваат со директна демократија и се занимаваат со земјоделство на еколошки начин. Секоја членка на комуната има избегано од некој минат живот и заедно се обидуваат да ја изградат својата мала самоодржлива оаза. Но кога ќе биде поставено прашањето на впишување на сопственоста во катастарските книги, во прашање доаѓа самиот опстанок на заедницата.
A по проекцијата на филмот „Земја за нас“ ќе следи и разговор со авторката на филмот кој ќе го води Ѓорѓи Пулевски.
Карла Црнчевиќ е драматург и филмска работничка која ја истражува политиката на сликите (images) и звукот низ различни формати и услови за работа. Нејзините видео и филмски дела се претставувани и наградувани во повеќе земји. Една од основачките е на фестивалот Unseen, кој се занимава со ревитализација на кино простори. Магистрирала драматургија на Академијата за драмски уметности во Загреб и филм на EQZE, San Sebastian.
Ѓорги Пулевски дипломирал психологија и магистрирал студии на политиките во Скопје и проектен менаџмент во Портсмут, Англија. Од 2013 до 2018 година бил дел од дебатното кино „Контра Кадар“ во Битола каде што ко-организирал над 120 општествено-ангажирани настани со филмски проекции и дискусии. Од 2014 до 2023 година работел на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Моментално е програмски директор на Филозофскиот филмски фестивал.