Рано утринава, во 5 часот и 49 минути, земјотрес со јачина од 2.4 степени според Рихтеровата скала го потресе подрачјето на Скопје. Епицентарот бил на само 8 километри од градот, на длабочина од исто толку километри, што предизвика жителите од повеќе скопски населби да го почувствуваат потресот и да се разбудат од сон. За среќа, нема информации за материјални штети, но овој земјотрес повторно ги потсети скопјани на сеизмичката активност во нивниот регион.