Зеленски до Путин: „Дојди во Киев“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му порача на Владимир Путин дека доколку сака преговори – треба да дојде во Киев, а не обратно.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го одби предлогот на рускиот лидер Владимир Путин за преговори во Москва и порача дека разговори може да има – но во Киев.

„Не можам да одам во Москва додека мојата земја секојдневно е под руски напади. Тоа и Путин добро го знае“, изјави Зеленски за ABC News.

Тој додаде дека предлогот на Путин го гледа како обид за одлагање на вистински средби. Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха исто така го оцени рускиот предлог како „неприфатлив“.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни