Зависноста од смартфони кај децата може да се победи само со привлечноста на реалниот живот

Во новата учебна година, сè поголемо внимание се посветува на штетните последици од прераното и прекумерно користење на смартфоните кај децата и младите. Последни истражувања на глобално ниво потврдуваат нешта што долго време сме ги игнорирале – смартфоните негативно влијаат врз психата и однесувањето на нашите деца и адолесценти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Психолозите укажуваат на бројни штетни ефекти како: хипнотички дејства, нарушено внимание, недоволен сон и социјална изолација. Покрај тоа, смартфоните создаваат зависност, предизвикана од ослободувањето на допамин, го спречуваат когнитивниот развој, а децата и младите ги лишуваат од вештини неопходни за соочување со реални ситуации и односи. Ова често резултира во недостиг на прифаќање на реалноста, самоприфаќање и појава на депресија.

Многу земји преземаа чекори за регулирање на употребата на смартфоните во училиштата. Многу Министерства за образование, на пример, донесоа одлука да ги забрани смартфоните кај најмалите ученици во училишните простории.

Но, што понатаму? Откако телефоните ќе бидат отстранети, што им останува на нашите деца? Какво искуство им нудиме на училиште, дома, и во другите средини на вистинска социјализација?

Ова е моментот кога возрасните – родители, наставници, едукатори – мораат да се запрашаат: можеме ли да им покажеме дека животот е поубав од виртуелниот свет? Можеме ли да ги научиме дека реалниот разговор е повреден од пораките на Viber, instagram, WhatsApp? Дали можеме да им понудиме алтернативи што ќе ја разбудат нивната љубопитност и радост кон реалниот свет?

Проблемот на воспитувањето не е само прашање на поставување правила, туку и на предлози. Важно е да создадеме реални искуства што ќе ги привлекуваат младите – активности во природата, спортови, разговори лице в лице, креативни игри – и да им понудиме смисла и надеж што ќе го надминат виртуелниот свет.

Време е ние возрасните да преземеме одговорност и да ги мотивираме младите да ја откријат убавината на вистинскиот живот.

Најново

Последни колумни