Заменик министер за внатрешни работи на Албанија сменет поради пушење во ресторан во САД

Албанската влада го смени својот заменик министер поради пушење во ресторан во САД.

Министерката за внатрешни работи на Албанија, Албана Коциу, потврди дека го сменила својот заменик поради непочитување на забраната за пушење во еден ресторан во САД.

На својот профил на Фејсбук, Коциу напишала дека го сменила Андии Махила на основа на пријава од еден државјанин на Албанија кој живее во Њујорк. Махила, кој бил во посета, во ресторан испушил цигара, што предизвикало вознемиреност меѓу присутните.

Албана Коциу е првата жена која е на чело на полицијата на Албанија во историјата, а во претходната влада беше министерката за здравство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни