Кинескиот лидер Си Џинпинг собра бројни странски гости на свеченоста, а на официјалната заедничка фотографија Вучиќ се наоѓа во првиот ред – но на самиот раб, далеку од Си и Путин.
На социјалните мрежи дополнителни снимки од колоната лидери, направени по фотографирањето, покажуваат како Вучиќ и сопругата се целосно сами, на самиот крај.
Opet izopšten i smaknut na kraj svih krajeva, kao šugu da ima. pic.twitter.com/vlqEG266oE
— Plamen Pavličić (@nepomenik) September 3, 2025
Ова предизвика лавина од коментари на интернет. „Повторно изоставен. Како да има шуга“, напиша еден корисник. Други се шегуваа дека во белградските медиуми „ставиле цигла на зум“ за да се прикажуваат само крупни кадри од претседателот. Некои пак иронично забележаа дека „протоколот секогаш најважните гости ги става на крај, па така изгледа како да е на врвот на пирамидата“.
Vučić rame uz rame sa svetskim liderima na paradi kod Sija 😂#caosvima pic.twitter.com/lw8mKoJY4C
— Beli (@djelemdjelem_) September 3, 2025
Имаше и посериозни реакции: „Тешко ми е да прифатам дека мојата земја е во друштво на источни, диктаторски и комунистички држави, а не на Европа,“ напиша еден корисник на Х (поранешен Твитер)
Средба со Путин
За време на посетата, Вучиќ се сретна и со рускиот претседател Владимир Путин. Му се заблагодари на Москва за поддршката на територијалниот интегритет на Србија и повтори дека Белград нема да воведе санкции против Русија, истакнувајќи дека енергетската соработка е клучна.
Вучиќ порача дека компании како РЖД и „Росатом“ се добредојдени во инфраструктурните проекти во Србија и најави дека се надева на дополнително зајакнување на односите со Русија.
Ова не е првпат јавноста да го коментира неговото место на меѓународни собири. На прославата на Денот на победата во Москва во мај, Вучиќ седеше во вториот ред, што исто така предизвика бурни реакции. Тогаш тој тврдеше дека не бил „отфрлен“, бидејќи и Путин и Си посебно го издвоиле за разговори.
Извор: Index.hr