На 20 септември, во Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе се одржи второто издание на интернационалната IT конференција What The Stack, еден од најзначајните настани за локалната и регионалната технолошка заедница.
По успешниот прв настан минатата година, организаторите најавуваат четири паралелни сцени, 30 предавачи и повеќе од 600 учесници. На сцената ќе се појават 20 интернационални имиња од светската и европската IT сцена, меѓу кои: Tejas Kumar, Salma Alam-Naylor, Daniel Roe, Peter van Vliet, Fanis Prodromou, Sara Vieira и многу други. Темите ќе опфатат web development, најнови достигнувања во вештачката интелигенција (AI) и практични совети за инженерите и IT професионалците.

„Нашата цел со What The Stack е да изградиме платформа преку која локалната и регионалната IT заедница може да учи од најдобрите, да се инспирира и да создава нови можности за соработка. Ова не е само конференција – ова е движење од заедницата, за заедницата,“ изјави Павлина Бучевска Бошкова, претседател на Base42 и организатор на What The Stack.
Во пресрет на конференцијата, во периодот од 15 до 20 септември, во просториите на Base42 ќе се одржат повеќе работилници и предавања со цел да им овозможат на учесниците практично знаење и директна интеракција со експертите.

Настанот е во организација на Base42, DeveD и Angular Macedonia, со поддршка на над 50 компании, иницијативи и IT заедници.
За повеќе информации:
Веб-страница: https://wts.sh/
Контакт: what@wts.rocks