Втора панел дискусија на Катедра Аденауер 2024 во Битола: Проширување на ЕУ и Западен Балкан – Предизвици и можности

Фондацијата „Конрад Аденауер“ во соработка со Центарот за европски студии „Вилфрид Мартенс“ од Брисел, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола и Академијата за Европски интеграции од Скопје, ќе организираат втора панел дискусија во рамките на Катедра Аденауер 2024. На настанот, кој ќе се одржи денес во 10.15 часот во Офицерскиот дом во Битола, ќе се дебатира на тема „Проширувањето и Западниот Балкан – Предизвици и можности“.

Катедра Аденауер претставува платформа за научно-образовни активности, која ги собира студентите, академските експерти, политичките носители на одлуки и сите заинтересирани во дискусиите за европските интеграции и актуелните предизвици пред Европската унија и Западниот Балкан.

За време на дискусијата, своите ставови и анализи ќе ги изнесат: Викторија Трајков, заменик министерка за европски прашања, Горан Илиќ, проректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Елена Тиловска-Кечеџи, професор на Правниот факултет во Кичево, Кирил Миноски, поранешен министер за финансии, Александар Спасеновски и Васко Наумовски, професори на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.

Модератор на дискусијата ќе биде новинарката Нора Калиќи, а настанот ќе го отворат претставниците на организаторите, вклучувајќи ги Игор Неделковски, ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Давор Пашоски, програмски менаџер во Фондацијата Конрад Аденауер и Анѓела Ангеловска, проектен менаџер во Академијата за Европски интеграции од Скопје.

Настанот ќе се одржи на македонски јазик.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни