Скопската Зоолошка градина обвјави дека утрово угинал европскиот бизон, на возраст од 17 години.
Бизонот починал од пневмонија, а и покрај интензивната антибиотска терапија и внимателното следење од страна на ветеринарниот тим, неговата состојба во последните две недели се влошила и не било можно да се спасува.
Во рок од една недела, ова е втора смрт на животни во ЗОО. Само пред неколку дена, на седумгодишна возраст, угина и гибонката Софи. Таа пројавила симптоми на малаксаност и отежнато движење пред 12 дена, по што веднаш започнала терапија и се направени лабораториски испитувања. По влошување на состојбата, Софи не успеала да преживее, а подоцна потврдено е дека била позитивна на Mycobacterium tuberculosis complex (MTBC). По дијагнозата, веднаш се преземени мерки за дезинфекција, изолација на живеалиштето и дополнителни испитувања на останатите животни од групата.
Овие два случаи го потенцираат предизвикот со одржување на здравјето на животните во зоолошките градини, а европскиот бизон и гибонката Софи беа дел од најпознатите и најактивните жители на скопската зоолошка градина.