На натпреварот учествуваа извидници од различни градови во земјата, кои преку тимска работа, ориентација во природа и решавање на практични задачи ги покажаа своите вештини за снаоѓање и тимски дух — основни вредности на извидништвото.
Настанот се одвиваше во дух на пријателство, натпреварувачки ентузијазам и љубов кон природата, а учесниците имаа можност да разменат искуства и да се стекнат со нови знаења во областа на ориентацијата, извидничките техники и еколошката свест.
Од Сојузот на извидници на Македонија изразија благодарност до сите учесници, волонтери и поддржувачи на настанот, истакнувајќи дека овој натпревар претставува континуирана заложба за промоција на младинскиот активизам и неформалното образование преку извидништвото.
Организаторите најавија дека следната година натпреварот ќе се одржи во друг регион на државата, со цел да се прошири извидничката мрежа и да се поттикне интересот на младите за активности во природа.