Скопје, 10 септември 2025 – Во просториите на Јуроп Хаус денеска беше промовиран Извештајот во сенка за слободата на медиумите во Северна Македонија, изработен од Фондацијата Метаморфозис во соработка со италијанската организација Osservatorio Balcani Caucaso Transeuropa.
Настанот започна со воведни обраќања и презентација на клучните наоди и препораки од извештајот, а продолжи со панел дискусија посветена на улогата на медиумите во заштита на јавниот интерес. Во дискусијата учествуваа истакнати новинари, медиумски експерти и претставници од граѓанскиот сектор и меѓународната заедница.
Извештајот нуди сеопфатна анализа на актуелната состојба со медиумските слободи во земјата, при што се истакнува одреден напредок, но и бројни предизвици – од политички и економски притисоци, преку дезинформации, до нерешени прашања во регулативата и безбедноста на новинарите. Документот содржи и конкретни препораки за институциите и медиумските актери со цел унапредување на независноста, плурализмот и отпорноста на медиумите.
Извор: Независен.мк