Внимание: Топло ќебе, чешма со филтер, љубов и среќа во Новата 2025

Внимание“ прашува, Дедо Мраз и граѓаните одговараат: Што повеќе ќе славите – што си заминува 2024 или што доаѓа 2025-та?

А, еве што вели Дедо Мраз: „Секогаш новото е подобро од старото… Кога ќе купиш ново палто кое го носиш, новото или старото?“. „Новата година значи нов потенцијал, да направиме нешто повеќе во животот што ни е важно“, „Секогаш гледаме напред, а не назад“, велат граѓаните. На прашањето „Што сакате да ви донесе Дедо Мраз?“, граѓаните велат: „Љубов и среќа, благодет во семејството“, „Чешма со филтер“, „Сакам топло ќебе“…

Бонус новогодишно прашање за добро расположение кај младите: „Кого сакате Дедо Мраз да ви донесе во кревет за Нова Година?“ Внимание побара од граѓаните да дадат чесен збор дека на 31-ви нема да пијат ни виски ни лоза, ако треба ауто да возат. А еве што ни одговори Дедо Мраз: „Давам чесен збор, дедомразовски, На 31 нема ни виски ни лоза да пијам, само коњак ќе пијам.“ Ама, само на Дедо Мраз му е дозволено да даде ваков чесен збор, затоа што не вози автомобил, туку санка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни