Внимание на Манаки: Каков прекар ќе имаше Леонардо ди Каприо ако беше од Битола?

Внимание беше на отворање на „Манаки“ во Битола. Ги прашавме граѓаните, кој е крив што се толку убаво облечени на отворање, и добивме интересни одговори. Еве што велат граѓаните на прашањето „Еден е Манаки, двајца се Манаки, или сите сме на Манаки?“:

„Сите сме на Манаки, а Манаки се сите“, „Двајца се Манаки, Милтон и Јанаки, еден е споменикот пред Центарот за култура, а фестивалот е светски“, „двајца се браќа, а сите сме Манаки“, „Јанаки Манаки е Манаки, а не Милтон Манаки“, „Еден е Манаки, оти е најдобар“, „Сите сме на Манаки, а иначе двајца браќа се, ама еден е Манаки“, „Сите сме Манаки, минатата година еден беше…“.

Прашавме и „Со кого не е паметно да се појавиш на премиера на Манаки, на отварање на Манаки“? Еве што ни кажа нашиот познат глумец Пепи Мирчевски: „Па, не е паметно сам со себеси да се појавиш, ја сам, со моето его и алтер его се појавувам, истовремено“. Добивме и други интересни одговори: „Со дечкото“, „Па, не е паметно да се појавиш со продуцент што ти дужи пари“.

Прашавме и „Да е денес Манаки жив, што би снимал и со кои глумци би снимал?“ Еве какви одговори добивме: „Со сите нас од Битолскиот театар… онаму каде што би се случувало нешто интересно, тие би биле први таму“, „Сега не би бил во Македонија, би бил у Газа, или во Украина некаде би правел документарни филмови“, „Веројатно новокомпонирани политичари“, „Ако е настинат, би снимал плуќа, а ако снима филм би снимал со битолските актери… за да не плаќаат дневници, плус е Влав тој…“.

Добивме урнебесни одговори и на прашањето: „Да беше Леонардо ди Каприо битолчанец, како ќе му беше прекарот?“: „Би бил Потонатио“, „Оскаро би го викале“, „Точно е, битолчани без прекарите се ништо, али многу има тука Леонардо ди Каприо низ градот“, „Шекспиро“, „Ќе го викаа Леонардо Кабадајата“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни