Внимание: Дедо Мраз е попопуларен од Свети Никола, затоа што пие Кока Кола!

Внимание во предновогодишна акција, ги прашува граѓаните на кои слави или верски празници одат најчесто на гости. Убедливи победници се Божик и Свети Никола, но граѓаните спомнаа и други слави. „Атеистичка фамилија сме, ама Божик го почитуваме, како и Нова Година го славиме“, „Најчесто идам на гости за Бајрам, зашто мајка ми е од муслиманска вероисповед, а татко ми е христијанин, славиме христијански празници дома “, вели едни момче.

На прашањето „Што е поштетно за народот – прејадувањето на славите или пијанчењето?“, граѓаните велат – пијанчењето. Еве што конкретно кажуваат граѓаните: „Убаво е да се најадеш, убаво е да се напиеш, но не е убаво да се препиеш, и не е убаво да се прејадеш“, „Премногу пиеме, да бидам искрен, како нација премногу пиеме“, „Мислам дека повеќе случаи на токсикологија имаат од препијување отколку од прејадување“.

На прашањето дали новогодишната кошница ќе е поевтина, или поскапа од лани, повеќето граѓани велат – поскапа, и тоа поради инфлацијата. А „Зошто Дедо Мраз е попопуларен од Свети Никола?“, еве што велат граѓаните: „Затоа што Дедо Мраз не е религиозно определен… Дедо Мраз е за сите…“, „Можда маркетинг“, „Затоа што Кока Кола е попопуларна од другите работи…“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни