Вештачката интелигенција доаѓа по нашите работни места, но се уште има безбедни професии

Среде разговорите за замена на работниците од вештачката интелигенција, експертите велат дека има некои работни места кои компјутерите нема да ни ги земат – барем некое време.

Од почетокот на индустриската револуција, имаше закани дека новите машини – од механизирани разбои до микрочипови – ќе ги узурпираат работните места на луѓето. Во најголем дел, луѓето преовладуваа. Сега, велат некои експерти, со сеприсутноста на вештачката интелигенција на хоризонтот, заканата се реализира: роботите навистина доаѓаат за некои работни места.

Извештајот на Голдман Сакс од март 2023 година процени дека вештачката интелигенција способна за генерирање содржина може да ја извршува четвртина од целата работа што моментално ја вршат луѓето. Низ Европската унија и САД, понатаму се забележува во извештајот, 300 милиони работни места би можеле да бидат изгубени поради автоматизацијата. А тоа може да биде страшно, вели Мартин Форд, автор на „Правило на роботите: Како вештачката интелигенција ќе трансформира сè“.

„Ова нема да се случува само на поединци, туку може да биде прилично системско“, вели тој. „Тоа може да им се случи на многу луѓе, сосема ненадејно и потенцијално на сите во исто време. И тоа има импликации не само за тие поединци, туку и за целата економија“.

За среќа, не се сите лоши вести. Експертите даваат своите предвидувања со предупредување: сè уште има работи за кои вештачката интелигенција не е способна – задачи кои вклучуваат изразито човечки квалитети, како што се емоционалната интелигенција и размислувањето „надвор од кутијата“. И менувањето професија каде што тие вештини се користат, може да ви помогне да се намалат шансите да бидете заменети.

„Мислам дека генерално има три категории кои ќе бидат релативно изолирани во догледна иднина“, вели Форд. „Првите би биле работни места кои се вистински креативни: вие не работите со формула или само ги преуредувате работите, туку искрено смислувате нови идеи и градите нешто ново“.

Тоа не мора да значи дека сите работни места кои се сметаат за „креативни“ се безбедни. Всушност, нештата како графичкиот дизајн и улогите поврзани со визуелната уметност може да бидат меѓу првите што ќе „паднат“; основните алгоритми можат да насочат бот да анализира милиони слики, овозможувајќи ВИ веднаш да ја совлада естетиката. Но, има одредена сигурност во другите видови на креативност, вели Форд: „во науката, медицината и правото … луѓе чија работа е да изготват нова правна стратегија или деловна стратегија. Мислам дека таму ќе продолжи да има место за човечки суштества“.

Фото: Getty Images

Втората изолирана категорија, продолжува тој, се работните места кои бараат софистицирани меѓучовечки односи. Тој ги посочува медицинските сестри, деловните консултанти и истражувачките новинари. Тоа се работни места, вели тој, „каде ви треба многу длабоко разбирање на луѓето. Мислам дека ќе помине долго време пред вештачката интелигенција да ја има способноста да комуницира на видови на начини кои навистина градат односи“.

Третата безбедна зона, вели Форд, „се работи кои навистина бараат многу мобилност и умешност и способност за решавање проблеми во непредвидливи средини“. Многу занаетчиски работни места – како електричари, водоводџии, заварувачи и слично – спаѓаат под овој чадор. „Ова се видови на работни места каде што постојано се соочувате со нова ситуација“, додава тој. „Веројатно најтешко е да се автоматизираат. За да ги автоматизирате работните места како овие, ќе ви треба научно-фантастичен робот. Ќе ви треба C-3PO од Star Wars“.

Иако луѓето веројатно ќе останат на работни места кои спаѓаат во тие категории, тоа не значи дека тие професии се целосно изолирани од развојот на вештачката интелигенција. Всушност, вели Џоан Сонг Меклафлин, вонредна професорка по економија на трудот на Универзитетот во Бафало, САД, повеќето работни места, без оглед на индустријата, имаат аспекти кои најверојатно ќе бидат автоматизирани од технологијата.

„Во многу случаи, нема непосредна закана за работните места“, вели таа, „но задачите ќе се променат“. Човечките работни места ќе станат повеќе фокусирани на интерперсоналните вештини, продолжува Сонг Меклафлин. „Лесно е да се замисли дека, на пример, вештачката интелигенција ќе открие рак многу подобро отколку што би можеле луѓето. Во иднина, претпоставувам дека лекарите ќе ја користат таа нова технологија. Но, не мислам дека целата улога на докторот ќе биде заменета“.

Иако роботот може навидум да направи подобра работа во пронаоѓањето на ракот, вели таа, повеќето луѓе сепак ќе сакаат лекар – вистинска личност – да биде тој што ќе им каже за тоа. Тоа важи за речиси сите работни места, додава таа, и затоа развивањето на тие изразито човечки вештини може да им помогне на луѓето да научат да ја вршат својата работа заедно со вештачката интелигенција.

„Мислам дека е паметно навистина да размислувам: „Какви задачи во мојата работа ќе бидат заменети или подобро ќе се извршуваат со компјутер или вештачка интелигенција? А која е мојата комплементарна вештина?‘“ Таа укажува на шалтерите на банката, кои некогаш морале да бидат многу точни бројачи на пари. Сега, таа задача е автоматизирана – но сè уште има место за луѓето на шалтерот. „Задачата за броење пари стана застарена поради машината“, вели таа. „Но, сега, шалтерите се повеќе фокусирани на поврзување со клиентите и воведување нови производи. Социјалната вештина стана поважна“.

Важно е да се забележи, вели Форд, дека високото образование или високо платената позиција не е одбрана против вештачката интелигенција. „Можеби мислиме дека личноста на работното место е повисоко во синџирот на исхрана отколку некој што вози автомобил“, вели тој. „Но, иднината на вработените повиско во синџирот се позагрозени од возачите на Uber, бидејќи сè уште немаме самоуправувачки автомобили, но вештачката интелигенција сигурно може да пишува извештаи. Во многу случаи, по образованите работници ќе бидат позагрозени од помалку образованите работници. Помислете на личноста која работи на чистење хотелски соби – навистина е тешко да се автоматизира таа работа“.

Накратко, барањето улоги во динамични, променливи средини кои вклучуваат непредвидливи задачи е добар начин да се спречи губењето на работата поради вештачката интелигенција. Барем некое време.

Извор: BBC

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни