Д-р Талија Коен Солал седнува пред микроскоп за внимателно да ги погледне човечките мозочни клетки кои се одгледуваат во стаклена Петри чинија.
„Мозокот е многу суптилен, сложен и убав“, вели таа.
Невролог, д-р Коен Солал е ко-основач и главен извршен директор на израелската компанија за здравствена технологија Genetika+.
Компанијата која е основана во 2018 години тврди дека нејзината технологија најдобро може да ги усогласи антидепресивите на пациентите, за да се избегнат несакани ефекти и препишаниот лек да делува што е можно подобро.
„За прв пат, применувајќи ја оваа технологија, можеме да го карактеризираме вистинскиот лек за секој пациент“, додава д-р Коен Солал.
Genetika+ го прави ова со комбинирање на најновата технологија за матични клетки, растење на специфични човечки клетки со софтвер за вештачка интелигенција (AI).
Од примерокот на крвта на пациентот, експертите можат да генерираат мозочни клетки. Тие потоа се изложуваат на неколку антидепресиви и се евидентираат клеточните промени наречени „биомаркери“. Овие информации, надополнети со медицинската историја и генетските податоци на пациентот, потоа се обработуваат од систем за вештачка интелигенција за да се одреди најдобриот лек и дозата што треба да ги препише лекарот.
Иако технологијата моментално е сè уште во фаза на развој, Genetika+ со седиште во Тел Авив има намера да од следната година да започне со комерцијално работење.
Пример за тоа дека вештачката интелигенција се повеќе се користи во фармацевтскиот сектор, компанијата обезбеди финансирање од Европскиот совет за истражување на Европската унија и Европскиот совет за иновации. Genetika+ исто така соработува со фармацевтски фирми за развој на нови прецизни лекови.
Компанијата се надева дека нејзината работа ќе биде барана во иднина. Според Светската здравствена организација, на глобално ниво има повеќе од 280 милиони луѓе кои страдаат од депресија.
Д-р Хеба Сајлем вели дека потенцијалот за вештачка интелигенција да ја трансформира глобалната фармацевтска индустрија, која генерираше приходи од 1,4 трилиони долари во 2021 година, е огромен.
Виш предавач по биомедицинска вештачка интелигенција и наука за податоци на Кралскиот колеџ во Лондон, вели дека вештачката интелигенција досега помогнала со сè „од идентификување на потенцијален целен ген за лекување на одредена болест и откривање нов лек, до подобрување на третманот на пациентите со предвидување на најдобра стратегија за третман, откривање биомаркери за персонализиран третман на пациентите, па дури и превенција на болеста преку рано откривање на знаци за нејзино појавување“.
Сепак, некои од нејзините колеги експерти за вештачка интелигенција велат дека целосното навлегување на вештачката интелигенција во фармацевтскиот сектор останува „бавен процес“.
Сепак, д-р Сајлем нагласува дека фармацевтскиот сектор не треба да биде во искушение да напредува со помош на вештачката интелигенција. Но треба да се применуваат строги мерки пред да се потпре науката на ваквата технологија.
Извор: bbc.com