Веројатно погрешно нанесувате дезодоранс, што влијае на неговата ефикасност

Нанесувањето дезодоранс е составен дел од секојдневната рутина за повеќето луѓе, но според д-р Реа Адел, специјалист за кожа, многу луѓе тоа го прават погрешно.
Фото: Th145, CC BY-SA 2.0 DE, via Wikimedia Commons

 Во нејзиното видео на TikTok, таа нагласи дека ако ставите дезодоранс наутро или откако ќе вежбате – „го правите тоа погрешно“ – и затоа можеби вашиот дезодоранс не работи како што треба.

„За да го извлечете максимумот од дезодорансот, всушност треба да го нанесувате навечер, пред спиење. Тоа е затоа што потните жлезди се помалку активни додека спиете, што значи дека дезодорансот има повеќе време за работа“, објасни д-р Ре.

Овој метод овозможува подобра апсорпција, што го прави дезодорансот поефикасен во текот на следниот ден. Д-р Реа советува и дезодорансот да се нанесува на целосно сува кожа за да се постигне оптимална апсорпција и да се избегне потребата од повторно нанесување во текот на денот.

Докторката Линдзи Зубрицки од Мисисипи го поддржува овој совет, додавајќи дека антиперспирантите најдобро делуваат кога се применуваат ноќе, благодарение на природниот процес на ладење на телото како подготовка за сон, кој е поттикнат од зголеменото производство на мелатонин.

Како што бледнее дневната светлина, нивото на мелатонин се зголемува, што предизвикува намалување на телесната температура, крвниот притисок и отчукувањата на срцето – сигнализирајќи му на телото дека е време за одмор. Нанесувањето дезодоранс или антиперспирант во согласност со овие физиолошки промени може да ја зголеми нивната ефикасност во борбата против непријатните мириси и контролирањето на потењето.

Која е разликата помеѓу дезодоранс и антиперспирант?

Според Healthline, дезодорансите и антиперспирантите влијаат на мирисот на телото на различни начини. На пример, дезодорансите ги отстрануваат непријатните мириси, но не го спречуваат потењето. Тие обично се на база на алкохол и ја закиселуваат кожата, што ја прави помалку погодна за раст на бактерии.

Антиперспирантите, од друга страна, содржат активни состојки – најчесто алуминиум – кои привремено ги блокираат порите за пот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни