До сега – извонредно! Од Louis Vuitton до Saint Laurent, преку Marc Jacobs, Dior, Maison Margiela Artisanal и Trussardi – најдобрите модни креации од светската сцена дефилираа оваа недела на 82. издание на Венецијанскиот филмски фестивал. А сме само на половина од десетдневната прослава на филмот.
Модата како главна ѕвезда
Често модата на гламурозни настани се потценува, но ѕвездите на Венецијанскиот фестивал често блескаат повеќе од било кој друг црвен тепих.
Некои од највлијателните модни моменти последниве години се случија токму на Лидо, и годинава трендот продолжува.
По забраната на Кановскиот фестивал за „голотија и обемни фустани што го попречуваат движењето“, дизајнерите сега со нова енергија пристапуваат кон креирање трендови и модни изданија кои го освојуваат вниманието.
Од екстравагантни креации, луксузни тоалети до совршено скроени костими – модата оваа година не разочара. Но, не ни верувајте на збор – погледнете самите.
Некои од највпечатливите изданија:
- Хане Јакобсен и Мадс Микелсен на црвениот тепих за премиерата на „The Last Viking“
- Џуд Лоу изгледаше елегантно во бел смокинг на премиерата на „The Wizard of the Kremlin“
- Лука Сабат во box-shoulder костим од Saint Laurent – модерно и впечатливо
- Колман Доминго, совршено стилски во custom Maison Valentino на гала настанот на amfAR
- Алисија Викандер со свеж, графички изглед во син фустан без ракави од Louis Vuitton
- Индја Мур во транспарентна креација од Saint Laurent на фото-сесијата за „Father Mother Sister Brother“
- Росијо Муњоз Моралес, водителка на фестивалот, блескаше во бел фустан со голи рамена и долга шлепа
- Софи Кодегони, инфлуенсерка и модел, во светлосин сјаен фустан
- Миа Гот и Парис Џексон (во кожа од Trussardi) на премиерата на „Frankenstein“
- Ендрју Гарфилд избра baby blue костим од Dior Men за „After the Hunt“
- Џорџ и Амал Клуни и покрај здравствените проблеми, блискаа на премиерата на „Jay Kelly“ – Амал носеше винтиџ Jean-Louis Scherrer
Венецијанскиот филмски фестивал се одржува од 27 август до 6 септември 2025 и веќе покажува дека ова е година на модна храброст, оригиналност и исклучителен стил.