На оваа значајна манифестација, ќе бидат доделени награди, дипломи и признанија за најдобрите учесници на традиционалниот меѓународен стрип конкурс. Се отвораат две изложби кои ќе ја отсликаат историјата и актуелноста на стрип уметноста:
- Изложба на избрани дела од конкурсот, кои ќе ја претстават креативноста и талентот на стрип уметниците од целиот свет.
- Специјална изложба по повод 15 години од издавањето на балканскиот стрип серијал „ВЕКОВНИЦИ“, на која ќе биде присутен и промоторот, авторот и иницијатор на серијалот, нашиот драгоцен пријател, Марко Стојановиќ од Лесковац, Србија.
Поддршка за овој проект доаѓа од значајни институции и организации:
- Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија
- Општина Велес
- ЕВРОПСКА КУЌА – Велес
- Стрип заедницата од државата
Велес и оваа година ја потврдува својата позиција како центар на стрип културата во Македонија, и сите заинтересирани се поканети да бидат дел од оваа културна и уметничка прослава.