Веганско сирење, веганско чоколадо, вегански сладолед, веганска пица, бургер, се само некои од популарните растителни прехранбени производи. Веганската исхрана е екстремен облик (вид) на вегетаријанството. Додека вегетаријанците од својата исхрана го исклучуваат само месото, веганите исклучуваат се од животинско потекло. Оправдување за тоа е намаленото страдање на животните, грижата за околината и на крај грижата за сопственото здравје.
Дали растителната исхрана е поздрава?
Веганите имаат понизок ризик од кардиоваскуларни заболувања. Поретко заболуваат од карцином. Овие бенефити веројатно се последица на нискиот крвен притисок, глукозата во крвта, холестеролот и триглицеридите.
Дали ова значи дека сите треба да бидеме вегани?
Не така веднаш и никако така брзо. Треба да се биде многу внимателен и одговорен во интерпретација на оваа (или било која друга) опсервација. Да бидеш веган се бара да имаш солидна дисциплина. Според тоа меѓу веганите ретко ќе најдете некој незаинтересиран за своето здравје.
Ризици: Луѓето се сештојади. Наспроти тоа што вам некои вегетаријанци настојуваат да ве убедат во спротивното, не постои скоро ниту еден научник кој ќе се сложи со нив.
Еволуциски тоа нам ни претставува голема предност затоа што ни овозможува да се прилагодиме на различна околина во различна сезона. Тоа значи дека имаме нутритивни потреби за сештојади. Но исто така и значи дека е многу голема веројатноста дека со исфрлање на сите животински производи од исхраната својот организам ќе го лишиме од голем број есенцијални нутриенти.
Дали одреден прехранбен избор ќе има влијание на здравјето потребно е во него да истраете многу долго, можеби и цел живот. А преку 80% од веганите и вегетаријанците порано или подоцна се враќаат на консумирање животински производи. Тоа сведочи за неодржливоста на овој прехранбен пристап.
Не тврдам дека вегетаријанската исхрана не може да биде здрава. Не тврдам дека не постојат здрави вегани. Тврдам дека самиот факт да не јадеш животински производи не те прави поздрав од сештојадите.
Многу е важно едно секојдневие во поглед на исхраната на било која индивидуа да биде строго испланирано и под надзор од стручно лице.
Станувало збор тука за веган, вегетаријанец или сештојад. Во никој случај не смее да се направи дефицит на било кој нутриент, витамин, минерал, па дури и вода. Не го преземајте ризикот без доволно знаење, едукација, искуство.
Соодветна возраст за почеток на веганство нема
Тоа е индивидуален пристап и поглед кон нештата од страна на личноста која решава или решила да смени начин на исхрана. Овде можам да говорам од мое лично работно искуство со пациенти и реални примери.
Имате мајка веган, на детето од првиот ден му „наметнува” веганство како единствен начин на исхрана.
Но, тоа не трае долго. Иако убеденоста на мајката е до толку силна што и покрај реалните причини и факти да го премине детето на барем вегетаријански начин на исхрана, таа упорно уште одреден период цврсто стои до нејзиното размислување. На крај успеваме да се разубедиме, барем делумно.
Друг пример е човек на возраст од 75 години кој решава да стане веган. Апсурд
Некој кој што повеќе од половина век се исхранувал како сештојад сега преку ноќ има побарување за веган. Која и да е крајната цел за ова, не е реално и не е остварливо за оваа возраст. Иако не велам не, обидите се тука, ентузијазмот држи на самиот почеток, да. Но што потоа? Само поголем стрес за и онака стресениот организам.
Екстремен пример на млад 22 години дечко.
Побарување за начин на исхрана кој исклучува и се што е тестирано на животни. Пасти за заби, купки, шампони, одреден вид материјали… Добар предизвик за мене, но тешко тој наспроти.
Миење на заби со нане, туширање со билки, перење со билни раствори…екстремно до немај каде. Нервозата се зголемува, достапноста и флексибилноста намалени. Дефицит на одредени витамини и минерали, најмногу Б12, железо, есенцијални масни киселини, Д витамин, калциум, омега 3, цинк. И сета оваа „голгота” некои нецели осум месеци за потоа како и да се врати на најџанк исхрана. Ви се молам. Зошто толкаво малтретирање.