На Конференцијата „Е-Општество“ во организација на Фондацијата „Метаморфозис“ за потребата од дигитализација на општеството зборуваше поранешен програмер Васил Танески, кој повеќе не може да работи програмирање затоа што е со сериозно оштетување на видот.
Танески сепак смета дека пробивот на технологијата особено на вештачката интелигенција квалитетот на животот на лицата со оштетен вид може сериозно да се унапреди.
„Кога куцам на телефонот, тоа се премали букви, јас не ги гледам не можам да погодам буква, но ако пробам да напишам cat, тоа е само една гестикулација, во место, па лево-горе и тастатурата веќе знае препознава, тастатурата е таа што го поминала моментот на тренинг и со едноставно лизгање (swiping) на буквите може да пишуваме зборови и реченици, можеме да даваме гласовни команди не само на телефонот, туку на други апарати во домот. Тоа е чекорот кон кој се движи светот“ рече тој.
Сепак Танески додаде дека во Македонија лицата со оштетен вид се уште имаат доста проблеми, пред се во електронското плаќање, во недостигот на доволно звучна сообраќајна сигнализација и упати апел до надлежните интензивно да работат на реализација на такви проекти кои се важни за лицата со оштетен вид.
фото Ванчо Џамбаски