Васил Танески: Дигитализацијата ми помага, со куцање не ги гаѓам буквите, но успевам со лизгање врз паметната тастатура

Танески сепак смета дека пробивот на технологијата особено на вештачката интелигенција квалитетот на животот на лицата со оштетен вид може сериозно да се унапреди
VDzambaski

На Конференцијата „Е-Општество“ во организација на Фондацијата „Метаморфозис“ за потребата од дигитализација на општеството зборуваше поранешен програмер Васил Танески, кој повеќе не може да работи програмирање затоа што е со сериозно оштетување на видот.

VDzambaski

Танески сепак смета дека пробивот на технологијата особено на вештачката интелигенција квалитетот на животот на лицата со оштетен вид може сериозно да се унапреди.

„Кога куцам на телефонот, тоа се премали букви, јас не ги гледам не можам да погодам буква, но ако пробам да напишам cat, тоа е само една гестикулација, во место, па лево-горе и тастатурата веќе знае препознава, тастатурата е таа што го поминала моментот на тренинг и со едноставно лизгање (swiping) на буквите може да пишуваме зборови и реченици, можеме да даваме гласовни команди не само на телефонот, туку на други апарати во домот. Тоа е чекорот кон кој се движи светот“ рече тој.

VDzambaski

Сепак Танески додаде дека во Македонија лицата со оштетен вид се уште имаат доста проблеми, пред се во електронското плаќање, во недостигот на доволно звучна сообраќајна сигнализација и упати апел до надлежните интензивно да работат на реализација на такви проекти кои се важни за лицата со оштетен вид.

фото Ванчо Џамбаски

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни