За 10.000 проценти

Вадењето нафта и гас во Северното Море ја зголемува концентрацијата на јаглеводороди

Дупчењето и вадењето нафта и гас од морското дно е познато како процес кој негативно влијае на животната средина и нејзиниот жив свет. Сепак, студијата спроведена од повеќе релевантни институции покажа многу загрижувачки податоци. Треба да се напомене дека студијата е спроведена на платформи во Северното Море.

Јаглеводородите се хемикалии кои се содржани во нафтата и гасот и природно се наоѓаат во морската вода, но зголемените концентрации може да имаат негативно влијание врз морскиот свет. Судијата откри дека во радиус од 500 метри од платформите за екстракција на нафта и гас, концентрацијата на овие загадувачи е поголема за неверојатни 10.613 проценти во споредба со делови од морето кои не се во близина на платформите, односно повеќе од 1.500 метри подалеку. Дополнително, во истиот опсег тешките метали како олово, бакар и никел се повисоки за 453 отсто.

Безрбетниците играат клучна улога во водните екосистеми, а истражувањата покажаа дека ваквото загадување има исклучително негативно влијание врз нив. Во овој контекст, се однесува на школки, ракови, морски црви и други организми кои се важен дел од синџирот на исхрана за поголемите морски животни. Покрај тоа, нивната улога се рефлектира во филтрирање на водата, разградување на органски материи и многу повеќе.

Имено, судијата анализирал 553 примероци од вкупно девет платформи за нафта и гас кои ги исполнувале потребните критериуми, а кои содржеле податоци за повеќе од 1.400 видови на овие организми и кои биле собрани во периодот од 1981 до 2012 година. Главниот резултат е што бројот на видовите се намалил за 28 отсто во близина на платформите опфатени со истражувањето. Покрај тоа, во близина на платформите, забележано е намалување на разновидноста на односите со храната меѓу организмите, што доведува до еколошка нерамнотежа, слабеење на еластичноста на екосистемот и намалување на биодиверзитетот.

Наодите од студијата беа објавени во списанието Science of The Total Environment и беа спроведени од Универзитетот во Есекс, Природонаучниот музеј и Центарот за наука за животна средина, рибарство и аквакултура (CEFAS).

Северното Море претставува една од најголемите области за екстракција на нафта и гас, кога станува збор за морското дно како извор. Растот на овој тренд е особено забележлив од 1960-тите. Експлоатацијата на јаглеводороди околу платформите за нафта и гас ослободува загадувачи во животната средина преку произведена вода, бунари или случајни излевања. Како што е објаснето, произведената вода доаѓа од подземните слоеви заедно со нафтата и гасот во моментот на нивното извлекување и содржи различни загадувачи како тешки метали, јаглеводороди или, на пример, радиоактивни честички. Иако некои се рециклираат и повторно се користат во процесот на екстракција на нафта и гас, значителни количини директно се ослободуваат во животната средина.

Кога станува збор за загадувањето со излевање нафта, други истражувања на официјалните податоци на Владата на ОК покажаа дека од 2011 година имало повеќе од 2.000 такви излевања во Северното Море, од кои над 200 биле во заштитени подрачја каде што има критично загрозени видови.

Сето ова е загрижувачко ако се земе предвид дека побарувачката на фосилни горива ќе продолжи и во иднина.

Фото: pexels
Извор: energetskiportal

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни