Утре, на 25 септември 2025 година со почеток во 11:00 часот, во хотел „Александар Палас” – Скопје ќе се одржи Иницијативна средба за формирање на Национално собрание на млади согласно Законот за младинско учество и младински политики.
Според Националниот младински совет, настанот претставува значаен чекор во процесот на воспоставување на Националното собрание на млади, предвидено со Законот за младинско учество и младински политики.
„Целта е, преку консултативен и инклузивен процес, да се дефинираат конкретни чекори и динамиката за финализирање на процесот и формирање на координативното тело кое ќе ја води подготовката на Националното собрание.
На средбата се очекува учество на претставници од младински организации од целата држава, институции, меѓународни организации и релевантни чинители, кои ќе дискутираат за моменталната состојба, предизвиците и перспективите за унапредување на младинското учество на национално ниво“ стои во најавата.