Министерството за образование и наука (МОН) ги усвои две од трите барања на Универзитетското студентско собрание (УСС). Првото е повикот за аплицирање за мерката субвенциониран студентски оброк, кој ќе трае до 5 септември, овозможувајќи на идните бруцоши да го користат ова право од почетокот на академската година. Второто усвоено барање се однесува на измените во Правилникот за финансирање, кои ќе ја спречат дискриминацијата кон студентите на втор циклус студии од моделот 3+2, кои досега не можеа да аплицираат за стипендии. Овие промени значително ќе го подобрат студентскиот стандард. УСС продолжува со својата борба за подобри услови за студентите, посветено работејќи за останатите барања.
„Следна недела УСС ќе оставри средба со МОН за формирање на Национално студентско тело, тоа е доста значајно бидејќи доколку МОН прифати тоа да биде дел од системот ќе биде прв пат формирано и признаено од страна на јавна институција и значаен чекор во однос на соработката на сите студентски собранија од сите универзитети во земјата“ – истакна Александар Николовски, претседател на Универзитетското студентско собрание (УСС) при УКИМ.
„Ќе имаме дополнителни барања во однос на студентски превоз, студентски стипендии, студенстки оброк и студентско сместување, не застануваме тука, туку сакаме да го унапредиме стандардот да е на ниво на коешто треба да биде затоа што сега е се уште незадоволителен, посебно во делот на студенсткото домување.
Оброкот и стипендиите се супер мерка, но сепак и домувањето е еден горлив проблем, особено кога се реновираат домовите, а за студентите нема повластени кирии, нема пониски кирии за студентите, вели Александар. Од МОН изјавиле дека сите студенти скоро ќе бидат примени затоа што ќе се сместуваат во ученички домови, а тие не биле секогаш исполнети со полн капацитет, од УСС биле и за тоа на средба со МОН и им било кажано дека дополнително ќе треба да почекаат да видат како ќе бидат со места.
На прашањето, зошто нашите универзитети не се дел од Шангајската листа, Александар одговори дека влијаат повеќе фактори.
„Затоа што нема стратегија за високо образование долгорочна, има константна промена на министрите за образование. На секоја година и пол се менува Министер за образование во историјата на државава, мислам дека само еден министер има издржано 4 години, другите се сите со скратен мандат, тоа ја кочи работата на нормално функционирање на институција.
Дополнително, имаме огромен број универзитети по стапка на жител, доста голем број на јавни универзитети, уште поголем број на приватни универзитети и фактички кога има квантитет, квалитетот тука застанува.
Не вложување на средства во наука и развој на наука, тоа е импакт фактор, а мислам дека сега во новата програма на Владата баш тоа се планира, то ест две работи се планираат: формирање на тело за квалитет на образование и формирање на фонд за истражување, така што се надевам дека следната година или после таа година ќе се најде барем еден универзитет на Шангајската листа, споредено со земјите во регионот, Белград Нови Сад и Ниш се, од кај нас нема ниту еден универзитет.“