Универзитетот „Гоце Делчев“ ја одбележува Неделата на италијанскиот јазик во светот

Тема на годинешната Недела на италијанскиот јазик во светот е „Италијанскиот јазик и книгите: светот меѓу редови“

По повод Неделата на италијанскиот јазик во светот, Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ организира предавање со наслов „Светот е книга – италијанските писатели и научници и новата визија на светот во ерата на барокот, просветителството и неокласицизмот“.

Предавачи се проф. д-р Ева Ѓорѓиевска и проф. д-р Јована Караникиќ Јосимовска од Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот факултет (УГД).

За време на предавањето ќе биде промовирано и дигиталното учебно помагало од областа на Италијанската книжевност на барокот, просветителството и неокласицизмот.

Настанот ќе се одржи денес во 12:00 ч. во Тренинг центарот на УГД.

Тема на годинешната Недела на италијанскиот јазик во светот е „Италијанскиот јазик и книгите: светот меѓу редови“.

Оваа тема има за цел да овозможи истражување на врската помеѓу јазикот и литературата во современиот свет, истовремено засилувајќи ја улогата на книгата како средство на италијанското културно, вредносно и идентитетско наследство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни