Одењето во ресторан порано за многумина беше секојдневно задоволство, но денес се повеќе луѓе размислуваат двапати пред да се одлучат на таков трошок. Цените во угостителството значително се зголемија во последните години поради поскапите намирници, повисоките плати и зголемените трошоци за енергија. Многу ресторани не ја преживеаја пандемијата, а оние што ја преживеаја сега се борат да преживеат. Сè повеќе луѓе избираат да јадат дома за да заштедат пари. Сепак, одењето во ресторан за многумина е мал луксуз, но сега се планира повнимателно.
Исто така, луѓето се повеќе штедат на пијалоци – гостите наместо вино нарачуваат вода, што им создава големи проблеми на угостителите.
Сопствениците на ресторани се жалат на штедливоста на гостите кога се во прашање пијалоците
Арне Анкер, сопственик на ресторан во Берлин, за „Фокус“ изјави дека се повеќе гости наместо вино нарачуваат само вода.
Другите ресторани споделуваат слични грижи. Ресторан едвај може да опстане само од продажба на храна“, вели сопственик на ресторан од Хамбург, нагласувајќи дека пијалоците носат клучен дел од приходите.
Роналд Еренс, сопственик на ресторан во Минхен, истакнува дека гостите сега прво ги разгледуваат цените пред да одлучат помеѓу пиво, вино или вода. Кога неговиот ресторан ја зголеми цената на шприцерот за едно евро, продажбата му паднала за 30 отсто. Проблем е и падот на продажбата на пиво, особено за рестораните кои имаат договори со пиварници. Овие договори често вклучуваат минимални количини на нарачки, а неисполнувањето може да доведе до полоши услови или дури и казни.Рестораторите забележуваат дека пиварниците се обидуваат да го ублажат падот на продажбата со воведување нови вкусови, видови пиво и безалкохолни варијанти.
Сопствениците на ресторани протестираат против враќањето на ДДВ-то на 19 отсто
Покрај зголемените трошоци, угостителите беа погодени и со укинувањето на намалениот ДДВ. За време на пандемијата, германската влада привремено го намали ДДВ од 19% на 7%, но одлучи да ја врати старата стапка на крајот на 2023 година за да го олесни буџетот. Според податоците на „Фокус“, ова зголемување на ДДВ предизвикува просечниот ресторан да губи околу 4.500 евра месечно.