Трамп размислува за воени удари врз Венецуела по уништување на брод

Американскиот претседател Доналд Трамп разгледува низа можни воени акции против нарко-картелите кои оперираат од Венецуела, вклучително и удари врз цели во самата земја, јавува CNN, повикувајќи се на извори запознаени со плановите на администрацијата.

Смртоносниот напад врз брод во вторникот, за кој постои сомнеж дека превезувал дрога од Венецуела, се смета за прв сигнал на ескалација на американската кампања. Во последните недели, Вашингтон распореди бродови вооружени со крстосувачки ракети, подморница, авиони и повеќе од 4.000 војници во близина на Венецуела.

Државниот секретар Марко Рубио изјави дека операцијата е насочена против нарко-картели, но не ја исклучи можноста од удари врз режимот на Николас Мадуро. „Ќе се соочиме со картелите каде и да се“, порача тој, додавајќи дека бродот бил уништен „по наредба на претседателот“.

Иако Белата куќа тврди дека Трамп дејствувал во рамки на уставните овластувања, нападот предизвика загриженост во Конгресот за правната основа и за идните потези на администрацијата.

Експерти посочуваат дека улогата на Венецуела во трговијата со дрога е ограничена, што отвора прашања дали „борбата против нарко-картелите“ се користи како изговор за политички притисок врз Мадуро.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни