Скопскиот Земјотрес, 16 јули 1963 година, низ архивски фотографии

Трагедијата што го промени лицето на градот и судбината на скопјани

На 26 јули 1963 година, силен земјотрес го погоди Скопје, предизвикувајќи огромни штети кои засекогаш го изменија изгледот на градот и судбината на неговите жители. Уништитени беа 15.800 станови и оштетени повеќе од 28.000. Околу од 200.000 луѓе останаа без покрив над глава. Под урнатините животот го загубија 1.070 граѓани, а повеќе од 4.000 беа повредени. Штетата беше проценета на 15% од БДП-то на тогашната Југославија, што во денешни вредности изнесува помеѓу 3 и 5 милијарди долари, односно повеќе од целиот годишен буџет на Република Македонија.

Првите Вести

Во 6:40 часот на 26 јули, капетанот од I класа Петар Јовиќ, благодарејќи на искуството од минатогодишната поплава, го известил Белград за земјотресот преку радио-врска. Радио-Приштина ја емитуваше веста околу 7 часот, речиси два часа по настанот.

Исто така, мајорот Миодраг Станкиќ се обидел да ја објави веста преку пошта, но уредите биле неисправни.

Тој се приклучил на меѓународната линија и воспоставил врска со Приштина, а капетанот Доминик Велиниќ и Трпко Трпковски воспоставиле телефонска врска со Државниот секретаријат за народна одбрана.

Во 5:17 часот престана емитувањето на Радио-Скопје. Многу лица од провинција, кои го почувствувале земјотресот, се посомневале дека Скопје е погоден кога емитувањето прекинало.

Четири часа по земјотресот, во 9:30 часот, Радио-станицата Скопје ја продолжи својата програма со помош на подвижна кола на Радио-телевизија Белград.

Брајан Калверт: „Скопје – Невидена Трагедија“

Брајан Калверт, новинар на „Асошиејтед прес“, за трагедијата напишал: „Сум видел многу ужасни работи и стравотни човечки трагедии, но никогаш не сум видел нешто што би потсетувало на Скопје.“

Тито во Скопје

На 27 јули 1963 година, еден ден по земјотресот Тито го посети разурнатото Скопје. Неговата порака -„Скопје доживеа невидена катастрофа, но Скопје повторно ќе го изградиме со помош на целата наша заедница. Тоа ќе стане гордост и симбол на братството и единството, на југословенската и светската солидарност“, стои напишана на ѕидот на урнатината на Старата Железничка Станица како потсетник на грижата и солидарноста на тогашните југословенски републики.

Помош од светот

Неколку дена по земјотресот, почна да пристигнува помош и спасувачки екипи од целиот свет. Дури 87 држави испратија помош за Скопје, што го направи градот познат како „град на солидарноста“.

За прв пат во времето на Студената војна, американски и советски воени сили заеднички им помагаа на скопјаните.

Претседателот Џон Кенеди веднаш по земјотресот им наредил на американските војници стационирани во Западна Германија да тргнат кон Македонија, додека советскиот лидер Никита Хрушчов испратил специјална воено-инженериска единица во Скопје.

Поддршка од ООН

Неколку дена по земјотресот, 35 нации побараа од Генералното собрание на Обединетите нации да се стави на дневен ред помошта за Скопје.

78 земји понудија помош во форма на парични средства, монтажни куќи, градежни материјали, медицински, инженерски и градежни тимови.

Планот на Кензо Танге

Во 1965 година Танге беше замолен од Обединетите Нации да учествува на конкурсот за реконструкција на разурнатото Скопје. Исто така беа поканети и југословенски проектантски бироа, Славко Брезовски, Александар Ѓорѓевиќ, Радован Мишевиќ, федор Вензлер и Едуард Равникар, како и четири странски архитектонски фирми (Ван ден Брок и Бакема, од Холандија, Луиџи Пицинато од Италија, Морис Ротивал од САД и Кензо Танге од Јапонија). На 31-ви Мај 1965 година Танге го изнесе својот план, кој доби 60% од првата награда, додека 40% му беа доделени на југословенскиот тим на Радован Мишевиќ и Федор Вензлер од Загреб .

Жирито составено од претставници на Обединетите Нации, предложи соработка меѓу двата тима што ја добија наградата. Танге и членовите на неговиот тим не само што изработија нов концепт за погодна реконструкција на центарот на градот, туку исто така се залагаа да го премостат јазот меѓу планот на хартија и практичната реализација. Во финалниот ревидиран план, тие дадоа конкретни архитектонско – урбанистички предлози со што ја покрија целата структура на центарот на Скопје и некои индивидуални клучни комплекси. Најбитните елементи на структуралната реорганизација на градот се „Градската порта” и „Градскиот ѕид”. Иако планот на Танге никогаш во целот не беше реализран, сепак остана клучно обележје на постземјотресно Скопје.

Скопскиот земјотрес од 1963 година е трагичен настан кој остави длабока трага врз градот и неговите жители. Но, исто така, но беше и момент на меѓународна солидарност и заедничка акција што помогна Скопје да се изгради повторно и да стане симбол на човечката добрина и поддршка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни