Тина Русева од Струмица го оствари својот сон со настап на „The Voice of Germany“

Понекогаш сонот започнува од најмали нешта – во тишината на детската соба, со четка за коса што станува микрофон, или со насмевка на девојче кое верува дека светот ја слуша.

Таква е приказната на Тина Русева од Струмица, чиј глас денес одекнува на сцените во Германија.

Тина, која живее во Леверкузен, го оствари својот голем сон – настап на „The Voice of Germany“. Но, ова не е обична сезона. Таа е дел од јубилејната 15-та сезона, посветена на легендарни гласови и ѕвезди, каде се враќаат незаборавни учесници од сите минати сезони. Меѓу нив, гордо ќе одекнува и македонскиот глас.

Во емотивна објава на Инстаграм, Тина сподели благодарност кон својот внатрешен глас што никогаш не ја напуштил:
„Ти си мојот таен јазик кога зборовите не беа доволни, мојот невидлив пријател во тишината, мојата сила во секоја бура. Никогаш не замина кога сè друго замина. И сега, еве ме водиш до централната сцена на ‘The Voice of Germany’. Но, не било која сезона! Ова е јубилејната 15-та…“

Тина Русева е жив доказ дека сонот може да започне од најмали нешта и да прерасне во голема реалност, и тоа пред цела Европа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни