Татко на модерната еволуција: Mалку познати факти за Чарлс Дарвин

Денес, тој се смета за татко на модерната еволутивна биологија, а неговото дело продолжува да влијае на многу научни дисциплини.

Денес, кога зборуваме за Чарлс Дарвин, не зборуваме само за неговиот блескав ум, туку и за личност која ја сакаше природата и беше посветена на нејзиното разбирање.

На денот по неговото раѓање се сеќаваме на сите негови неверојатни придонеси за науката и на неговиот неуморен истражувачки дух кој засекогаш го промени начинот на кој го гледаме животот на Земјата.

Неговата теорија за еволуција преку природна селекција не само што ја револуционизираше биологијата, туку ги постави темелите за разбирањето на животот воопшто. Заедно со другиte големи умови како што се Никола Тесла или Леонардо да Винчи, Дарвин влијаеше на многу аспекти од денешната наука.

Кој е Чарлс Дарвин?

Чарлс Дарвин, е англиски научник, роден на 12 февруари 1809 година во Шрусбери, Англија. Најпознат е по својата теорија за еволуцијата преку природната селекција, изложена во делото „За потеклото на видовите“.

Иако се соочувал со многу предизвици и критики, Дарвин останал верен на своите откритија и години поминати во набљудување на природата, запишувајќи го секој детал и барајќи одговори на прашањата што му се чинеле нејасни.

Дарвин е роден како петто дете во богато семејство. Неговиот татко, Роберт Варинг Дарвин, бил успешен лекар, додека неговиот дедо, Еразмус Дарвин, бил познат психолог и научник. И покрај своето семејно наследство, Чарлс бил просечен ученик и често бил критикуван за неговото интересирање за лов на кучиња и стаорци, што неговиот татко го сметал за срам за семејството. Дарвин во младоста бил верник и ја сметал теоријата на креационизмот за точна.

Меѓутоа, за време на патувањето на истражувачкиот брод Х.М.С. Бигл, под капетанот Роберт Фикрој, кој бил голем верник и противник на теоријата на Дарвин, Дарвин собрал бројни набљудувања кои го натерале да ги преиспита своите убедувања.

Чарлс Дарвин ги посетил островите Галапагос во 1835 година за време на своето патување со бродот Х.М.С. Бигл. Оваа посета одиграла клучна улога во развојот на неговата теорија за еволуцијата. На Галапагос, Дарвин ги набљудувал различните видови птици, особено видовите врани, кои се прилагодиле на специфичните услови на секој остров.

Овие набљудувања го поттикнале Дарвин да развие идејата за природната селекција, идејата дека видовите се менуваат низ времето како одговор на промените во животната средина. Овие наоди биле основа за развој на неговата револуционерна теорија за еволуцијата.

Дарвин се оженил со својата роднина Ема Веџвуд, со која имал десет деца. За жал, двајца од нив починале скоро по раѓањето, а едно во рана возраст. Трите негови преживеани сина станале членови на Британското кралско друштво.

Дарвин цел живот страдал од хронични здравствени проблеми, вклучувајќи лошо варење и исцрпеност. И покрај тоа, бил неуморен во својот научен труд, поминувајќи часови во набљудување и запишување на однесувањето на животните и растенијата. Неговата куќа во Даун Хаус била местото каде што поминувал најмногу време, а многу од неговите експерименти и набљудувања биле спроведени во неговиот градинарски простор и околина.

Теоријата на Дарвин за еволуцијата преку природната селекција ја револуционизирала науката за биолошката разновидност и потеклото на животот на Земјата. Неговото дело „За потеклото на видовите“ предизвикало бројни дебати и го променило научниот поглед на светот.

Денес, тој се смета за татко на модерната еволутивна биологија, а неговото дело продолжува да влијае на многу научни дисциплини.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни