Од 24- ти од 30 – ти април, Светската здравствена организација (СЗО) ја одбележува Светската недела на имунизацијата и значењето на вакцините, како едно од најголемите достигнувања на човештвото.
„Кампањите за имунизација ни овозможија да ги искорениме сипаниците, речиси да ја победиме детската парализа и да обезбедиме повеќе деца да преживеат и да напредуваат од кога било досега. Оваа година Светската недела на имунизација ќе прослави 50 години од Проширената програма за имунизација (ЕПИ) – која ги опфаќа нашите колективни напори да спасиме и подобриме безброј животи од болести кои можат да се спречат со вакцини.“
СЗО ги повикува земјите да ги зголемат инвестициите во програмите за имунизација за да ги заштитат следните генерации.
„За само 5 децении отидовме од свет во кој смртта на детето беше нешто од кое многу родители се плашеа, во свет каде секое дете доколку се вакцинира има шанса да преживее и да напредува.“ , се вели во соопштението на СЗО на Светскиот ден на имунизацијата.
На почетокот во 1974 година, Проширената програма за имунизација (ЕПИ) се фокусираше на заштита на сите деца од 6 детски болести, а денес овој број порасна на 13 универзално препорачани вакцини низ целиот животен тек и 17 дополнителни вакцини. Со проширувањето на програмата за вакцинација во текот на животот, сега таа се нарекува Суштинска програма за имунизација.
Во последните неколку години и за време на пандемијата, опфатот на имунизацијата падна на глобално ниво. Додека повеќе од 4 милиони деца биле вакцинирани на глобално ниво во 2022 година во споредба со 2021 година, сè уште има 20 милиони деца кои пропуштиле една или повеќе од нивните вакцини. Растечките конфликти, економските падови и порастот на дезинформациите врзани за вакцините, се причина за пад на опфатото на вакцинација. Како резултат на тоа, во светот се поприсутни се ненадејни избувнувања на епидемии на болести дифтерија, сипаници, голема качлиц и ред други кои досега ги имавме речиси искоренето.