Светлосниот меч на Дарт Вејдер оди на аукција – се очекуваат милионски суми

Најпознатиот реквизит од филмската историја, светлосниот меч на Дарт Вејдер од филмот „Империјата возвраќа удар“ (1980), ќе се најде на аукција што ќе се одржи од 4 до 6 септември, организирана од Propstore. Покрај него, на истата аукција ќе бидат понудени уште неколку легендарни филмски реквизити со очекувани астрономски цени.

Се очекува мечот на Вејдер да достигне цена помеѓу еден и три милиони долари. Од голема вредност е и оделото на Бетмен кое го носеше Мајкл Китон во филмот од 1989 година, за кое се проценува дека ќе достигне сума од 250.000 до 500.000 долари.

Меѓу понудените реквизити ќе се најдат и биќот, ременот и кожната футрола за пиштол од „Индијана Џоунс и последниот крстоносен поход“ (1989), со очекувана цена од исто така 250.000 до 500.000 долари. Костимот на Џејн Фонда од филмот „Барбарела“ (1968) би можел да се продаде за сума меѓу 20.000 и 40.000 долари.

Љубителите на Спајдермен ќе имаат можност да го видат костимот од филмот од 2002 година со Тоби Мегваер, проценет на 100.000 до 200.000 долари. Понуден ќе биде и фрлачот на пламен што го користеше Сигурни Вивер во „Осмиот патник“ (1986), за кој се очекува цена меѓу 125.000 и 250.000 долари.

„Составивме најимпресивна колекција на автентични филмски реквизити и костими што некогаш се појавиле на аукција – делови од културната историја кои и по децении будат восхит и почит“, изјави Брендон Алингер од Propstore.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни