Австралиската полиција соопшти дека човек загинал додека сурфувал кај брегот на Сиднеј, по напад на ајкула.
Полицијата објави дека жртвата починала „по напад од, како што се чини, голема ајкула“. На местото на инцидентот биле пронајдени два дела од даската за сурфување.
Инцидентот се случил на подрачјето помеѓу плажите Лонг Риф и Ди Вај на северниот дел од градот. Поради нападот, повеќе плажи биле привремено затворени за јавноста.
Ова е првиот смртоносен напад на ајкула во Сиднеј од 2022 година, кога во Литл Беј, на јужниот дел од градот, животот го загуби инструктор по нуркање.
Претходниот регистриран смртоносен напад на ајкула во Сиднеј се случил во 1963 година, според историските податоци.
Извор: N1info.rs