Воедно, овој историски лет е првиот чекор кон постигнување на нова цел – летот на суперсоничен патнички авион, кој треба да полета до 2029 година.
Што е суперсоничен лет?
Мах број е дефиниран како брзина со која лета авион поделена со брзината со која звучните бранови се шират низ воздухот. „Пробивање на звучната бариера“ значи летање побрзо од брзината на звукот или со брзина поголема од еден Мах (1.192 км/ч). Суперсонични авиони можат да летаат со брзина од околу 2 маха.
И кога се вели дека можеме да видиме суперсоничен (борбен) авион во лет пред да го слушнеме, зборуваме за суперсоничен лет.
Во овој случај, прво го гледаме авионот, а потоа го слушаме, бидејќи неговиот звук е заробен во сопствениот ударен бран. Се додека тој ударен бран не се премести на позицијата каде што човек е на земја, тој нема да може да го слушне авионот.
Од Њујорк до Рим за четири и пол часа
Повеќето модерни патнички авиони, поради ефикасност на летот, крстарат низ небото со брзина малку помала од брзината на звукот. Брзината на крстарење на субсонични патнички авиони е обично околу 0,8 мах (954 км/ч).
Планот на Boom е да изгради авион, наречен Увертира, кој ќе може да лета со брзина од 1,7 мах (2.027 км/ч). Ако или кога тој проект стане реалност, суперсоничниот лет драстично ќе го скрати времето на летот. Boom тврди дека летот од Њујорк до Рим на Увертира може да трае само 4 часа и 40 минути, наместо сегашните осум часа.
Boom, сепак, не е единствената компанија со цел да ги врати суперсоничните патнички авиони на сцената. Американската компанија Spike Aerospace исто така развива суперсоничен деловен авион, под слоганот „Насекаде во светот за половина од времето“.
Идејата за брз суперсоничен лет, кој би поминал огромни растојанија за релативно кратко време, се појави во средината на 20 век и стана реалност во 1970-тите.