Во Манчестер, демонстранти кои се залагаат за поддршка на мигрантите, заедно со групи против расизам, се судрија со учесници на маршот организиран од крајнодесничарската партија „Велика Британија на прво место“ (Britain First). Судирите на почетокот од протестот биле кратки, а полицијата брзо интервенирала и ги раздвојувала групите.
Слична ситуација се случила и во Лондон, каде што контрапротести биле организирани околу хотелот Barbican Thistle, во кој се сместени азиланти. И таму избиле судири меѓу двете групи, а полицијата морала да реагира и да растера дел од насобраните.
Портпаролот на британската полиција изјави дека вкупно девет лица се приведени во двата града поради нарушување на јавниот ред и непослушност кон полициските наредби.