Судија во Вашингтон привремено го стопира отпуштањето на 500 новинари од Гласот на Америка

Висок судија во Вашингтон, Ројс Ламерт, донесе привремена одлука со која се блокира отпуштањето на повеќе од 500 вработени во редакцијата на Гласот на Америка (VoA).
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Овој потег дојде откако администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја обвини оваа медиумска организација за „левичарска пристрасност“.

Отпуштањето требаше да стапи на сила денес, но судијата Ламерт пресуди дека тој процес не смее да се спроведе додека не се донесе конечна одлука по предметот. Судот нагласи дека администрацијата на Трамп не ги почитувала обврските на Владината агенција за медиуми (USAGM), која го надгледува работата на Гласот на Америка.

Во април, судот побара администрацијата да го врати во функција Гласот на Америка за да може медиумот да ги исполни своите „законски обврски за ширење точни информации“. И покрај оваа забрана, во август, администраторката на USAGM и поддржувачка на Доналд Трамп, Кери Лик, нареди отпуштање на над 500 постојани радио-новинари во VoA.

Гласот на Америка, кој некогаш емитувал програми на 49 јазици, денес работи само на четири јазици — мандарин, дари, паштунски и фарси — и тоа само околу еден час дневно. Овој медиумски сервис е формиран за време на Втората светска војна и, заедно со Радио Слободна Европа и Радио Слободна Азија, пренесуваше вести од САД ширум светот, особено во земји под авторитарни режими.

Во март оваа година, Трамп потпиша извршна наредба со која агенцијата USAGM, која во 2023 година имаше повеќе од 3.000 вработени, ја прогласи за непотребна. Тој исто така ја обвини VoA за „левичарска пристрасност“ и за пренесување „антиамерикански пораки“.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни