Студенти од ПМФ собраа и ќе анализираат хемиски средства употребени на протестите во Нови Сад

Студентите од Природно-математичкиот факултет во Нови Сад соопштија дека собрале дел од хемиските средства што полицијата во големи количества ги употреби врз граѓаните за време на протестот во петокот навечер.

На социјалната мрежа X (поранешен Твитер), тие објавија фотографија со десетина празни чаури, за кои се претпоставува дека се од солзавец, пронајдени во близина на факултетот.

„Следува хемиска анализа, ќе го објавиме резултатот“, наведоа студентите кои веќе неколку дена го блокираат факултетот.

Во повеќе наврати, активисти и граѓани укажуваа дека полицијата на протестите низ Србија користи хемиски средства со одамна истечен рок на траење, што може дополнително да ја зголеми нивната токсичност и штетност по здравјето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни