Страв од нуклеарен судир меѓу Индија и Пакистан: Може ли ситуацијата во Кашмир да доведе до војна?

Главната причина за страв во меѓународната јавност е фактот дека двете земји поседуваат нуклеарно оружје.
epa12079178 People move the body of a victim at the scene of India's missile strike in Muridke, Punjab province, Pakistan, 07 May 2025. The Indian government said it conducted military strikes on nine sites in Pakistan in retaliation for a deadly militant attack on tourists in Kashmir. EPA-EFE/RAHAT DAR

Индиската армија изврши воздушни напади на девет локации во Пакистан, како одговор на терористичкиот напад во Кашмир, за кој се обвинети радикални исламистички групи. Во тие напади загинаа најмалку 26 лица, а 46 беа повредени, соопшти пакистанската армија. Од друга страна, индиските власти потврдија дека во пакистанското гранатирање долж Линијата на контрола загинале најмалку десет цивили, а 32 се повредени.

Портпаролот на пакистанската војска, Ахмед Шариф Чаудри, ја обвини Индија за „необмислено однесување“ и ја повика меѓународната заедница да реагира на ова нарушување на суверенитетот на Пакистан. Пакистанското Министерство за надворешни работи го повика индискиот амбасадор во Исламабад за формално да изрази протест поради нападите.

Тензиите не стивнуваат речиси 80 години

Кашмир е точка на судир меѓу Индија и Пакистан уште од 1947 година, кога двете земји се ослободија од британската власт. И порано имало помали прекугранични и воени конфликти, обвинувања од двете страни. Особено Индија често обвинуваше, а Пакистан имаше проблеми да негира дека е спонзор на терористички организации.

Главната причина за страв во меѓународната јавност е фактот дека двете земји поседуваат нуклеарно оружје.

Индија и Пакистан со години ги зголемуваат своите армии и нуклеарни арсенали. Индија го спроведе првиот нуклеарен тест во 1974 година, а следниот во 1998 година. Пакистан одговори само неколку недели подоцна со свои нуклеарни тестови.

Од тогаш, двете страни поседуваат стотици нуклеарни боеви глави, ракетни системи, напредни борбени авиони и модерно оружје.о најновиот судир, меѓународната јавност изрази сериозна загриженост за можно влошување на ситуацијата.

Москва повика на воздржаност и изрази длабока загриженост поради ескалацијата на воената конфронтација, а официјалните лица од Лондон и Париз повикаа двете страни да работат на намалување на тензиите

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни