Стивен Колбер доби овации на Еми: „Знае ли некој каде мојот тим и јас можеме да најдеме нова работа?“

Водителот на Late Show, Стивен Колбер, беше првиот презентер на доделувањето на наградите Еми, а уште при неговото излегување на бината доби громогласни овации од публиката.

Водителот на Late Show, Стивен Колбер, беше првиот презентер на доделувањето на наградите Еми, а уште при неговото излегување на бината доби громогласни овации од публиката.

Публиката аплаудираше во знак на поддршка откако CBS го откажа неговиот долгогодишен ток-шоу. Колбер доби помош и од легендарниот актер Харисон Форд при претставувањето на номинациите за најдобар главен актер. Повторно беше испратен со стоечки овации, по што во шега праша дали некој знае каде тој и неговиот тим би можеле да најдат нова работа.

„Го понесов и моето CV, ама немав време да ја ажурирам фотографијата,“ рече Колбер, покажувајќи слика од младоста. На крај, побара од Форд да се погрижи неговото CV да стигне до Стивен Спилберг.

„The Late Show“ освои Еми

Иако емисијата е укината, The Late Show ја освои наградата за најдобра ток-емисија. Публиката повторно реагираше со овации и стоечки аплауз. Колбер во својот говор им се заблагодари на CBS „што им ја дале привилегијата да бидат дел од традицијата на доцновечерните емисии“, додавајќи дека се надева таа традиција да продолжи.

Се потсети на своите почетоци пред десет години, кога режисерот Спајк Џонз го прашал каква емисија сака да прави, а тој одговорил: „Емисија за љубовта.“ Со емоции додаде: „Во еден момент сфативме дека правиме хумористична емисија и за загубата. Никогаш не сум ја сакал својата земја повеќе отколку сега, кога чувствувам дека би можел да ја изгубам. Бог да ја благослови Америка, останете силни и храбри.“

Извор:N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни