Една од нивните карактеристики што не можете да ја пропуштите се нивните очи. Мачките очи се убави и уникатни, очи што светат во темнина. Затоа тие отсекогаш привлекувале внимание и околу нив се вртеле контроверзии и приказни низ историјата, луѓето им придавале верувања и суеверија.
Според едно старо народно верување, не смеете да гледате мачка директно во очи – затоа што на тој начин цица енергија. Во некои култури, мачките се сметале за канали помеѓу светот на мртвите и живите, и постоело суеверие дека не треба да ги гледате директно во очи.

Во минатото, мачките се сметале за животни кои им помагаат на волшебниците и вештерките, па затоа им се припишувале натприродни способности.
Секако, овие народни верувања и суеверија не се вистинити, но науката тврди и дека не треба да гледате мачка во очи.
Мачките го перцепираат долгиот, праволиниски поглед право во очите како агресија, покана за лов, и во таква ситуација, тие чувствуваат потреба да нападнат, без разлика колку се слатки и питоми.
Исто така, уличните мачки користат контакт со очите за да го заплашат противникот.

Сето ова се објаснува со фактот дека видот на мачките е сосема различен од оној на луѓето. Тие ја гледаат целата слика одеднаш, без да се фокусираат на ништо конкретно. Тие се фокусираат на одредена работа само за време на ловот – па ако погледнете директно во очите на мачката, нејзините природни инстинкти можат да се разбудат и да ве нападнат.
Восхитувајте се на убавината на нивните очи од далеку, а кога се блиску – дајте им само љубов.