„Средношколци паметат“: Србија десет месеци по трагедијата во Нови Сад

Десет месеци по трагедијата во Нови Сад, низ Србија се одржаа комеморативни прошетки под мотото „Средношколци паметат“. Граѓаните оддадоа почит на 16-те загинати со молк, говори и бели рози.”

Во повеќе градови низ Србија вчера се одржаа комеморативни собири и прошетки по повод десет месеци од трагедијата во Нови Сад, кога на 1 ноември 2024 година, при уривање на надстрешница кај Железничката станица, загинаа 16 лица.

Во Нови Сад, комеморативната прошетка заврши токму на местото на несреќата – пред Железничката станица. Таму младите положија венец од бело цвеќе, оддавајќи почит на загинатите.

Во Белград, на Савскиот плоштад се одржа голем собир под мотото „Средношколци паметат“. На транспарентот стоеше истата порака, а преку разглас беше емитуван говор, по што беа прочитани имињата на сите 16 жртви од несреќата. По читањето, шеснаесет средношколци симболично предадоа бели рози на носачите на главниот транспарент. Меѓу присутните беше и Дијана Хрка, мајка на трагично загинатиот Стефан Хрка. Пораката на настанот беше едноставна, но силна: „Памтиме“.

Колоната во Белград продолжи до Уставниот суд, а редарите поставија кордон кај Пионирскиот парк.

Во Смедерево, под мотото „Смедерево памети“, се одржа тивка прошетка низ централните улици на градот. Граѓаните се собраа на Плоштадот на Републиката, продолжија по улицата на кралот Петар, каде беше одржан молитвен помен, а прошетката заврши пред зградата на Градската управа.

Во Сремска Митровица, граѓаните оддадоа почит со 26 минути молк пред Железничката станица – по една минута за секој загинат.

Слични собири се одржаа и во други градови:

  • Во Кралево – комеморативен собир,
  • Во Панчево – прошетка организирана од студенти,
  • Во Крагуевац – колоната тргна од Ѓачкиот плоштад и продолжи до булеварот Лепенички,
  • Во Алексинац – тивка прошетка низ централното градско подрачје.

Во Нови Сад, колоната тргна од универзитетскиот кампус и се движеше по Булеварот на цар Лазар до Железничката станица. На чело беа средношколци со транспарент „Средношколци паметат“, предводени од девојка која носеше венец од бело цвеќе. Во поворката учествуваа и трактористи и мотоциклисти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни