Сондата Паркер ќе стане предметот кој најмногу се приближил до Сонцето

Соларната сонда Паркер на НАСА го продолжува своето историско патување околу Сонцето и полека се „подготвува“ за уште едно соборување на рекорд оваа недела.
Фото: НАСА

На 24 декември, во 12:53 часот по средноевропско време, овие ова вселенско летало ќе се приближи на растојание од само 6,1 милиони километри од површината на Сонцето. Тоа ќе биде најкраткото растојание што оваа или која било друга сонда некогаш дошла до Сонцето!

Овој настан ќе го означи крајот на 22-та орбита на сондата Паркер околу Сонцето и првото од трите финални блиски прелетувања планирани за оваа мисија. Леталото, лансирано во 2018 година, се очекува да заврши вкупно 24 орбити околу најблиската ѕвезда на Земјата.

„Ниту еден вештачки објект досега не се приближил толку блиску до Сонцето, така што Паркер навистина ќе пренесува податоци од претходно неистражена територија. Едвај чекаме да слушнеме одговор од леталото додека повторно орбитира околу Сонцето“, рече менаџерот на мисијата Ник Пинкин.

Во моментот на најблиското поминување покрај Сонцето, пренесува Engadget, сондата Паркер ќе се движи со брзина од околу 692.000 километри на час!

И кога ќе биде доволно далеку од Сонцето за повторно да воспостави комуникација, тоа ќе му сигнализира на тимот на Земјата да ја потврди својата позиција. Таа потврда се очекува на 27 декември.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни