Со проектот раководи креаторката Фиби Волер-Бриџ, а Тарнер ја презема улогата која претходно ја играа Анџелина Џоли (2001) и Алисија Викандер (2018).
Како што потсетува Far Out, Тарнер со години се споменуваше како потенцијална акциона ѕвезда, а меѓу другите кандидатки за улогата беа Макензи Дејвис, Ема Маки и Луси Бојнтон.
„Многу сум возбудена што можам да ја објавам импресивната Софи Тарнер како нашата Лара, заедно со овој феноменален креативен тим,“ изјави Волер-Бриџ.
И самата Тарнер рече дека е „неизмерно возбудена“ што ќе ја игра Лара Крофт и вети дека ќе даде сè од себе. „Иако знам дека треба да исполнам огромни чевли, подготвена сум за предизвик. Со Фиби на чело, сите сме во сигурни раце. Едвај чекам публиката да види што подготвуваме,“ додаде актерката.
Извор: N1info.rs