„Платформа за женско семејно претприемништво“

„Со шиење до сопствен бизнис“- покана за бесплатна обука за жени и девојки од Скопје

Со шиење до сопствен бизнис “ е бесплатна обука за жени и девојки од Скопје и околината, како дел од проектот „Платформа за женско семејно претприемништво“ спроведен од Dobredojde Macedonia Welcome Centre , со поддршка од Slovenian Embassy Skopje/Амбасада на Република Словенија.

Кандидатките можат да се пријават најдоцна до 9ти јуни на мејл dmwc.obuki@gmail.com, со кратка биорафија и телефон за контакт.

 Пријавените кандидатки ќе бидат повикани на разговор на 12ти јуни.

Повикот е отворен за 12 жени и девојки од Скопје и околината. Оваа иницијатива особено ги повикува жените од ранливи средини и различни етникуми.

„Откријте ја претприемачката во вас преку уметноста на кроење и шиење, со исклучителна можност да учествувате во нашата сеопфатна програма. Навлезете во сложеноста на кроењето и шиењето, усовршете ја вашата рачна умешност во ракотворбите, стекнете непроценливи претприемачки вештини и добијте знаење како да започнете сопствен бизнис“ се вели во најавата за работилницата.

Проектот ќе трае од 29 ти август до 1 ви октомври, и ќе се состои од 10 сеопфатни сесии, со вкупно 40 часови ( 29ти август, 3,5,10,12,17,19, 24 и 26 ти септември и 1 ви октомври ). Обуките ќе се одржуваат два пати неделно во SKALA School – Џолев и уметностите. Менторка е Modno Studio LE-TE by Katerina Tosheva модна и текстилна продукт дизајнерка, со долгогодишно искуство, која ќе го предводи патот во соработка со модната дизајнеркa Irina Tosheva.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни