Скролањето низ објавите на социјалните мрежи само го зголемува чувството на досада

Фото: Freepik

 Кученца, бебиња што играат, објави на славни личности – вообичаен лек за досада е прелистувањето низ видеата и фотографиите на платформите на социјалните мрежи. Но, според резултатите од неодамна објавеното истражување, таа навика веројатно го влошува проблемот.

Главната авторка на студијата, д-р Кејти Там од Универзитетот во Торонто наведува дека спроведенот истражување покажало дека луѓето кои скролаат горе-долу по социјалните мрежи за да ја избегнат досадата, вусшност само ја зголемуваат.

„Тоа исто така го прави нивото искуство на гледање помалку задоволувачко, помалку ангажирано и без смисла“ вели Там.

Со широк спектар на забава на дофат на раката, лесно е да се претпостави дека на луѓето сега им е помалку досадно отколку порано. Сепак, како што забележува д-р Там, од 2008 до 2020 година, истражувањата покажаа зголемен тренд на чувство на досада кај младите.

„Ова е загрижувачко затоа што досадата е поврзана со негативно ментално здравје, нарушувања во учењето и однесувањето, како што се депресивни симптоми, послаби академски оценки, па дури и садистичка агресија“, вели авторот на студијата.

За да ја истражат здодевноста од брзото прелистување видеа, истражувачите спроведоа два експерименти на околу 1.200 доброволци. Резултатите од студијата беа објавени во Journal of Experimental Psychology: General.

Во првиот експеримент, учесниците во студијата имале две искуства со гледање видео. Прво, тие гледале десетминутно видео без можност да се префрлат на друга содржина или да го премотаат. Потоа им биле дадени 10 минути во кои можеле да се бираат помеѓу седум видеа од пет минути.

Во вториот експеримент, учесниците гледале десетминутно видео без прекин, а во вториот круг им било дозволено брзо да премотаат напред или назад педесетминутно видео.

Фото: Freepik

Учесниците предвидуваа дека ќе им биде помалку досадно кога ќе имаат можност за премотување или прескокнување на делови од видеото, но потоа рекоа дека гледањето видео до крај е поинтересно, задоволувачко и позначајно, покажа студијата.

„Досадата е тесно поврзана со нашето внимание“, забележува д-р Там. „Досадно ни е кога има јаз помеѓу тоа колку сме ангажирани и колку сакаме да бидеме ангажирани. Кога луѓето премотуваат или прескокнуваат, тие не се во целост ангажирани на ниту едно видео, туку постојано бараат нешто поинтересно“.

За да разбереме што можеме да научиме од оваа студија, д-р Памела Рутлиџ, директорка на независната истражувачка организација, Центар за истражување во медиумската психологија, нагласува дека е важно да се разбере што е досада.

„Лесно е погрешно да се протолкува ваква студија како уште еден доказ за негативните ефекти на дигиталните медиуми, наместо како многу покорисен показател за здодевноста како мотивациски сигнал“, истакнува д-р Рутлиџ.

Како гневот или тагата, досадата е непријатна емоција и често е погрешно разбрана или стигматизирана.

„Додека некои луѓе ја поистоветуваат досадата со мрзеливост или недостаток на амбиција, таа може да има и позитивни и негативни ефекти“, додава Ратлиџ. „Досадата, како и сите негативни емоции, е сигнал кој не мотивира да го промениме она што го правиме. Во таа смисла, може да биде здрава и прилагодлива“.

Доколку здодевноста ја сметате за недостаток, а не за мотивационо средство, поинаку ќе реагирате на тоа, истакнува докторката.

Гледањето на здодевноста како недостаток може да мотивира некого да дејствува брзо и да го пренасочи вниманието кон нешто за да се чувствува помалку фрустрирано и виновно, вели Ратлиџ, а другите може пак да ги охрабри да преиспитаат што прават и да размислат за тоа кои активности се навистина значајни и корисни.

Ако сакате да излезете од циклусот на скролање низ досадата, клучна е вашата намера и желба.

„Паузирајте пред да го притиснете копчето за премотување или прескокнување и најдете начини да останете фокусирани додека гледате видео“, советува д-р Там. „Исто како што плаќаме за извонредно искуство во кино, уживањето често доаѓа од вклучување во содржината, а не од прелистување низ неа“.

Знаејќи дека секогаш има повеќе – потенцијално подобра – содржина на интернет може да го зголеми стравот од пропуштање и да ви попречи на „рационално расудување“ доколку немате јасна одлука за тоа како ја гледате содржината, истакнува д-р Рутлиџ.

Исто така, важно е да размислите за тоа што се обидувате да избегнете кога ги гледате видеата – бидејќи сè не може да биде постојано возбудливо, вели д-р Там.

Не треба да се чувствувате виновни или засрамени кога ви е досадно, но можете да го искористите тоа како можност да размислите кои активности ви даваат значење и предизвик, препорачува д-р Рутлиџ. Истражувањата покажуваат дека активностите што ги ангажираат нашите вештини на предизвикувачки, но значаен начин, обезбедуваат поголемо чувство на задоволство од оние што само не окупираат или ни помагаат да се опуштиме.

Конечно, Рутлиџ ги охрабрува луѓето „да станат повнимателни за тоа како ги користат медиумите од било кој вид“.

„Обратете внимание на вашето расположение додека користите медиуми за да можете да препознаете кога позитивното искуство станува негативно – неколку заживувачки минути гледање смешни видеа со мачки може да се претворат во надолна спирала на самосомневање“, предупредува д-р Памела Рутлиџ.

Извор: РТС

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни