Во недостиг на други информациски канали, или од бес, градоначалничката на Скопје ги користи фејсбук страниците на неколку градски институции за своја промоција и за испраќање на политички пораки околу тековниот судир со Премиерот и владата на ВМРО ДПМНЕ воопшто.
Надвор од интернет просторот, авантурата со поставување на Арсовска за градоначалничка досега предивика девастиран јавен сообраќај, Младински културен центар во кома, заглавена пречистителна станица на Вардар, комунални претпријатија во хаос, целосно заборавен процес „Европска престолнина на култура“, Генерален урбанистички план за кој не се знае ништо во јавноста и сериозно забаталено, запуштено Скопје.



