Локација: Дом на АРМ со почеток: 19:45 часот
„Сенките на месечината“ е 15-минутна драма за младата докторка која се соочува со предизвиците на нефункционалниот здравствен систем, ризикувајќи ја сопствената кариера за да спаси дете. Филмот поттикнува суштинско прашање: Може ли поединец да донесе промена во расипан систем?

Во филмската програма следуваат и:
- „Неми филмови“ на Крсте Господиновски – емотивна приказна за релацијата татко–син сместена во светот на заборавеното кино;
- „Duty Free“ на Hilke Rönnfeldt – хибриден универзум на љубов, работа и граници;
- „Тарик“ на Адем Тутиќ – добитник на наградата за најдобар студентски филм на Сараевскиот филмски фестивал, кој зборува за идентитет, адаптација и семејна динамика.
Локација: Кафе и филм КОТУР со почеток: 20:00 часот
Во КОТУР ќе биде отворена изложбата на Ана В’чкова – „Добредојде, добро те најдов“, реализирана во соработка со Pioneri Art Platform. Делото ги истражува границите помеѓу интимното и колективното преку мултисензорно и интерактивно уметничко искуство. Посетителите се охрабрени да донесат лични предмети – фотографија, спомен или порака – и да станат соавтори во создавање на колективна урбана нарација.
Вечерта ќе биде заокружена со музичка селекција на Бојан Јанев (Soul Case) со почеток од 21:00 часот.
Фестивалот SИРНИ трае до 6 октомври, со проекции и настани на платото пред Дом на АРМ и во КОТУР. Влезот за сите проекции е бесплатен, но поради ограничен број места, потребно е да се подигне билет од КОТУР.

Жирито за годинашното издание го сочинуваат актерката Кристина Леловац, режисерот Трифун Ситниковски и режисерката Дина Дума.
SИРНИ 7 е овозможен со поддршка од Македокс, Трн мк, Саманта ДОО, Скопско, Винарија Тиквеш и Халк Банка.
Програмата е достапна на социјалните мрежи и на веб-страницата: www.dzirnifestival.com